Во ОУД„Лазар Лазаревски“Велес одбележан меѓународниот ден на математиката, познат уште и како „Денот на Пи“.
Денот „Пи“
Во Општинскиот ученички дом „Лазар Лазаревски“Велес, беа сместени ученици од Република Полска кои учествуваа на чествувањето на Патрониот празник на Општина Градско.
УЧЕСНИЦИТЕ НА XVIII ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ВЕЛЕС 2023 СМЕСТЕНИ ВО
ОУД „ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“ВЕЛЕС
На XVIII Интернационален фолклорен фестивал покрај домашните фолклорни групи Негорци, Г.Делчев, Копачка, Т. Јанев, Стоби, И.Н.Луј, Г.Марковски и Китка, учество земаа и фолклорни групи од Република Хрватска, Босна и Херцеговина, Мексико, Северен Кипар и Словачка. Во деновите на одржување на Фестивалот (05.07.2023 - 09.07.2023 година) гостите од странство беа сместени во Општинскиот ученички дом„Лазар Лазаревски“Велес. 

ТВОРИЛНИЦА 2023

На ден 31.05.2023 година, учениците од ОУД„Лазар Лазаревски“Велес под менторство на воспитувач м-р Василка Ѓурчиновски заедно со учениците од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“Велес под менторство на проф. Магдалена Сарагинова ги презентираа своите завршни активности од проектот „Творилница 2023“. На завршниот настан присуствуваа раководителот на проектот г-ѓа Илијана Атанасова, ментор на проектот г-ѓа Ксенија Маказлиева Трајчева и координаторот на проектот г-ѓа Билјана Лазареска, кои со воодушевување ги проследија сите активности на нашите ученици. Проектот „Творилница“ е мултидисциплинарен проект кој има за цел кај учениците учесници да ги развие нивните таленти и вештини под менторство на професионалци од повеќе области и е организиран во повеќе работилници, според интересот на учениците. Со сите клубови раководат докажани професионалци од дадените области, со цел да им овозможат на децата и нивните наставници/воспитувачи-ментори да се стекнат со дополнителни знаења и вештини во правец на креативен развој и создавање на сопствени автентични уметнички проекти, како краен продукт. 

ДОМИЈАДА ВЕЛЕС 2023

ОУД„ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“Велес ДОМАЌИН на XXIX ДОМИЈАДА, ВЕЛЕС 2023
Во период од 26.05.2023 до 28.05.2023 година, Домаќин на XXIX Домијада беше ОУД„Лазар Лазаревски“Велес. Домијадата ја организира Здружението на директори на ученичките и студентските домови во Република Северна Македонија, под покровителство на Министерството за образование и наука. Во рамки на Домијадата Велес 2023 во спортската сала „Гемиџии“ се играа натпревари во кошарка, ракомет, фудбал и пинг понг. Во просториите на Домот се одиграа натпревари во шах, беше одржана тркалезна маса т.н. ученички парламент, а на монументалниот споменик Спомен костурница Велес беше организирана ликовна колонија. На сите натпревари и активности во рамки на Домијадата Велес 2023, учество земаа ученици и студенти од речиси сите ученички и студентски домови во државата. Домијадата Велес 2023 ја посетија гости од Република Србија, Република Хрватска, Република Словенија, Црна Гора и Република Косово. Домијадата Велес 2023 ја отвори директорот на ОУД„Лазар Лазаревски“Велес,      г-дин Марјанчо Јорданов кој со слоганот „НЕКА ПОБЕДИ НАЈДОБРИОТ“ им даде поттик на учесниците, со спортски дух и младешки елан да ги одиграат спортските натпревари во рамки на Домијадата. Сите учесници на Домијада Велес 2023 добија медаљи за учество, а на најдобрите им беа доделени пехари и дипломи. На завршната манифестација - затворањето на Домијадата, учесниците си упатија спортски поздрав „Во новата Домијада, до нови спортски победи“.
Во организација на Здружение на финансиски работници на Локалната самоуправа и јавните претпријатија-Велес, на ден 15.12.2022 година во просториите на ОУД„Лазар Лазаревски“Велес, беше реализирана обука за спроведување на попис. Обуката ја реализираше ревизор од Државен завод за ревизија г-дин Бранислав Гулев.  Учество на обуката земаа вработени од сите структури во Домот кои учествуваат во одделни фази на спроведување на пописот.  
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ДОМОТ 25-ти Октомври
Положување на цвеќе во чест на Патрониот празник
Делегација од ОУД„Лазар Лазаревски“Велес, во чест на Патрониот празник 25-ти Октомври, положи цвеќе на монументалниот споменик - Спомен костурница Велес.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Конкурс-за-прием-на-ученици-во-јавните-ученички-домови-во-Република-Северна-Македонија-за-учебната-2022-(2)  

Домаќини на натпревар во кошарка во рамки на Домска лига

ОУД„ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“ВЕЛЕС, ДОМАЌИН НА КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАРИ ВО РАМКИ НА ДОМСКАТА ЛИГА Во саботата на 18.03.2023 година, во рамки на Домската лига, беа одиграни натпревари во кошарка во машка конкуренција. Учество на натпреварите земаа кошаркарски екипи од ученичките домови во РСМакедонија. Домаќинот, ОУД„Лазар Лазаревски“Велес го освои II -то ме

Прочитај повеќе

Eдукативна работилница наменета за млади на тема „Трговија со луѓе“

едукативна работилница наменета за млади на тема „Трговија со луѓе“

Прочитај повеќе

Реализирана обука за вработени

Во организација на Здружение на финансиски работници на Локалната самоуправа и јавните претпријатија-Велес, на ден 15.12.2022 година во просториите на ОУД„Лазар Лазаревски“Велес, беше реализирана обука за спроведување на попис. Обуката ја реализираше ревизор од Државен завод за ревизија г-дин Бранислав Гулев. Учество на обуката земаа вработени од

Прочитај повеќе