Нашата мисија

ГОРДИ НА МИНАТОТО, СВРТЕНИ КОН ИДНИНАТА.
Цел на мисијата:
 
  • Да бидеме ученички дом кoј континуирано ќе ги следи промените и ќе нуди современа, модерна, квалитетна воспитно-образовна работа која е прилагодена на потребите на учениците.
 
  • Да бидеме ученички дом кој ќе овозможи креативно, перманентно, интелектуално и позитивно оформување и надградување на личноста.
 
 
Изјава на мисијатa: Мисијата ќе му овозможи на секој ученик да биде дел од еден ученички дом со традиција, кој ќе биде работилница во која ќе се создава моделот на утрешниот граѓанин.
 

Нашата визија

Нашиот ученички дом е средина која нуди поддршка на индивидуалниот развој на учениците и професионалниот развој на воспитувачите што заедно резултира со ефективен и квалитетен воспитно-образовен процес.
Цел на визијата:
 
  • Остварувањето на визијата, ученичкиот дом ќе го овозможи преку стекнување на знаења, вештини и позитивни вредности на личноста. Континуирано ќе работи на остварување на целта на визијата преку учење, критичко мислење, напредување од сите области користејќи ги потенцијални средства со кои располага ученичкиот дом и околината.
 
 
Изјава на визијата: Давање на поддршка на индивидуалниот развој на нашите ученици да се стекнат со вештини и знаења кои ќе им помогнат да се изградат во здрави и одговорни личности, подготвени за предизвиците на животот, оспособени да го применат стекнатото знаење и вештини. Со континуиран професионален развој на нашите воспитувачи ефективниот и квалитетен воспитно-образовен процес ќе биде неминовен.
 
 
 
 
НАШЕ МОТО
УЧЕНИЧКИОТ ДОМ - МЕСТО ВО КОЕ ГРАДИМЕ ПОЧИТ, ДОВЕРБА И СОРАБОТКА.