ОУД „ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“ ВЕЛЕС - ДЕЛ ОД ОТВАРАЊЕТО НА РЕТРОСПЕКТИВНАТА ИЗЛОЖБА НА ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ!
На ден 08.05.2023 година во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата на слики на дваесет дела од творештвото на Владимир Георгиевски еден од најистакнатите современи македонски сликари и професор на Архитектонскиот факултет. Тој претставува еден од најзначајните македонски уметници кој зад себе остави скапоцена ризница од уметничко богатство. Оваа изложба е позначајна, бидејќи прави еден пресек во творештвото на професорот Георгиевски. Делата коишто ги видовме денес се избор на неговата ќерка Фросина, којашто има избрано и дополнителни 20 дела, поставени во други градови, со што, две различни поставки од творештвото на нејзиниот татко кружат низ државата.