Учесниците на XVIII Интернационален Фолклорен Фестивал сместени во ОУД„Лазар Лазаревски“Велес

На XVIII Интернационален фолклорен фестивал покрај домашните фолклорни групи Негорци, Г.Делчев, Копачка, Т. Јанев, Стоби, И.Н.Луј, Г.Марковски и Китка, учество земаа и фолклорни групи од Република Хрватска, Босна и Херцеговина, Мексико, Северен Кипар и Словачка. Во деновите на одржување на Фестивалот (05.07.2023 - 09.07.2023 година) гостите од странство беа сместени во Општинскиот ученички дом„Лазар Лазаревски“Велес. 

Галерија