ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОУД „ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“ И ОПШТИНА ВЕЛЕС!!!

На ден 16.10.2013 год. Градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев и директорката на ОУД„Лазар Лазаревски“, Василка Ѓурчиновски потпишаа Меморандум за соработка, со цел обезбедување на долгорочен одржлив развој на целата заедница. Страните потписнички на Меморандумот, се согласија преку континуирана соработка, да продолжат со водење заедничка кампања во реализацијата на Програмата за интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем.