ОБЕЗБЕДЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО ОУД„ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“ ВЕЛЕС!

Согласно член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Сл.весник на РМ бр.115/14), ОУД„Лазар Лазаревски“ Велес обезбеди паркинг простор за велосипеди во функција на објектот за јавна намена. Со тоа, на учесниците во сообраќајот кои користат велосипед како превозно средство а имаат потреба за услуга или посета во Домот, им е овозможено непречено користење на паркинг просторот за велосипеди поставен во кругот на ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес.