ТВОРИЛНИЦА 2023
На ден 31.05.2023 година, учениците од ОУД„Лазар Лазаревски“Велес под менторство на воспитувач м-р Василка Ѓурчиновски заедно со учениците од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“Велес под менторство на проф. Магдалена Сарагинова ги презентираа своите завршни активности од проектот „Творилница 2023“. На завршниот настан присуствуваа раководителот на проектот г-ѓа Илијана Атанасова, ментор на проектот г-ѓа Ксенија Маказлиева Трајчева и координаторот на проектот г-ѓа Билјана Лазареска, кои со воодушевување ги проследија сите активности на нашите ученици. Проектот „Творилница“ е мултидисциплинарен проект кој има за цел кај учениците учесници да ги развие нивните таленти и вештини под менторство на професионалци од повеќе области и е организиран во повеќе работилници, според интересот на учениците. Со сите клубови раководат докажани професионалци од дадените области, со цел да им овозможат на децата и нивните наставници/воспитувачи-ментори да се стекнат со дополнителни знаења и вештини во правец на креативен развој и создавање на сопствени автентични уметнички проекти, како краен продукт.
ОУД„ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“Велес ДОМАЌИН на XXIX ДОМИЈАДА, ВЕЛЕС 2023
Во период од 26.05.2023 до 28.05.2023 година, Домаќин на XXIX Домијада беше ОУД„Лазар Лазаревски“Велес. Домијадата ја организира Здружението на директори на ученичките и студентските домови во Република Северна Македонија, под покровителство на Министерството за образование и наука. Во рамки на Домијадата Велес 2023 во спортската сала „Гемиџии“ се играа натпревари во кошарка, ракомет, фудбал и пинг понг. Во просториите на Домот се одиграа натпревари во шах, беше одржана тркалезна маса т.н. ученички парламент, а на монументалниот споменик Спомен костурница Велес беше организирана ликовна колонија. На сите натпревари и активности во рамки на Домијадата Велес 2023, учество земаа ученици и студенти од речиси сите ученички и студентски домови во државата. Домијадата Велес 2023 ја посетија гости од Република Србија, Република Хрватска, Република Словенија, Црна Гора и Република Косово. Домијадата Велес 2023 ја отвори директорот на ОУД„Лазар Лазаревски“Велес, г-дин Марјанчо Јорданов кој со слоганот „НЕКА ПОБЕДИ НАЈДОБРИОТ“ им даде поттик на учесниците, со спортски дух и младешки елан да ги одиграат спортските натпревари во рамки на Домијадата. Сите учесници на Домијада Велес 2023 добија медаљи за учество, а на најдобрите им беа доделени пехари и дипломи. На завршната манифестација - затворањето на Домијадата, учесниците си упатија спортски поздрав „Во новата Домијада, до нови спортски победи“.
Во организација на Здружение на финансиски работници на Локалната самоуправа и јавните претпријатија-Велес, на ден 15.12.2022 година во просториите на ОУД„Лазар Лазаревски“Велес, беше реализирана обука за спроведување на попис. Обуката ја реализираше ревизор од Државен завод за ревизија г-дин Бранислав Гулев. Учество на обуката земаа вработени од сите структури во Домот кои учествуваат во одделни фази на спроведување на пописот.
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ДОМОТ 25-ти Октомври
Делегација од ОУД„Лазар Лазаревски“Велес, во чест на Патрониот празник 25-ти Октомври, положи цвеќе на монументалниот споменик - Спомен костурница Велес.