На ден 10.09.2015 год. (четврток) во просториите на ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес се одржа заеднички состанок на директорката со оние ученици кои за првпат оваа учебна година се сместија во Ученичкиот дом.
Делегациjа на ОУД ,,Лазар Лазаревски" Велес во чест на 24-годишнината од суверена, независна и самостојна Република Македонија, денес положи цвеќе и оддаде почит на загинатите борци во Спомен-костурницата.Нека ни е вечна Татковината!
По повод 8-ми Септември-Денот на државноста на Република Македонија, учениците сместени во ОУД„Лазар Лазаревски“ заедно со својот воспитувач, изработија „sиден весник“ преку кој ја изразија љубовта и посветеноста кон својата татковина.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.