Eдукативна работилница наменета за млади на тема „Трговија со луѓе“

Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес реализираше едукативна работилница во ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес на тема „Трговија со луѓе“.
Од страна на полициски службеници преку видео презентација на учениците им беа претставени низа основни аспекти за криминалот од областа на трговија со луѓе.
Oсобено внимание беше посветено на сегментот трговија со луѓе каде што децата и младите се таргет на криминалните групи. Беа презентирани информации како да се препознаат овие криминални облици. Полициските службеници споделија низа практични полициски искуства и примери во врска со ваквата појава и како истата да се санкционира. Предложија превентивни мерки и активности важни за заштита и запознавање на младата популација од опасностите кои трговијата со луѓе може да ги предизвика.


 

Галерија