На ден 12.03.2026 година во ОУД „Лазар Лазаревски“ - Велес се реализираше едукативен и возбудлив квиз „Математички милионер“, по повод Меѓународниот ден на математиката и Денот на бројот ПИ.
На овој настан учество зедоа ученици сместени во ученичкиот дом, а кои учат во средните училишта во нашиот град, кои преку знаење, логика и брзо размислување ги покажаа своите математички вештини и натпреварувачки дух. Атмосферата беше исполнета со возбуда, тимска работа и искрена желба за знаење.
Квизот беше организиран од дипл. професор по математика и воспитувач во ученичкиот дом м-р Василка Ѓурчиновски, со цел да се поттикне љубовта кон математиката, критичкото размислување и натпреварувачкиот дух кај младите.
„Математички милионер“ уште еднаш покажа дека математиката не е само предмет - таа е предизвик, игра на умот и инспирација за нови идеи.
Им честитаме на сите ученици за покажаното знаење, храброст и ентузијазам, и се надеваме дека оваа активност ќе стане убава традиција која ќе ги мотивира младите уште повеќе да ја истражуваат магијата на математиката.

Математиката е јазикот на логиката, а знаењето е вистинскиот пат до успехот!