Актуелно

Нашата приказна од одбележувањето на денот на ПИ– ден кога математиката доби глас, форма и душа. ✨

Со гордост и восхит ја споделуваме нашата приказна од одбележувањето на денот на ПИ– ден кога математиката доби глас, форма и душа. ✨
Во организација на Здружението на математичари, завршната манифестација се одржа во ООУ „Блаже Конески“, каде учениците од ученичкиот дом, основните и средните училишта го претставија својот труд, знаење и креативност.
Оуд Лазар Лазаревски Велес , како ученички дом беше дел од овој инспиративен настан, каде бројките оживеаја преку идеи, презентации и иновативни изработки.
Посебен белег на настанот остави мојата прекрасна ученичка Tea Samargieva , која со својот моќен, искрен и длабоко инспиративен говор покажа дека математиката не се учи само - таа се чувствува, се живее и се споделува. Нејзините зборови беа доказ дека младите умови носат огромна сила кога веруваат во себе и во она што го создаваат. 💫

Галерија