ТВОРИЛНИЦА 2023

ТВОРИЛНИЦА 2023

На ден 31.05.2023 година, учениците од ОУД„Лазар Лазаревски“Велес под менторство на воспитувач м-р Василка Ѓурчиновски заедно со учениците од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“Велес под менторство на проф. Магдалена Сарагинова ги презентираа своите завршни активности од проектот „Творилница 2023“. На завршниот настан присуствуваа раководителот на проектот г-ѓа Илијана Атанасова, ментор на проектот г-ѓа Ксенија Маказлиева Трајчева и координаторот на проектот г-ѓа Билјана Лазареска, кои со воодушевување ги проследија сите активности на нашите ученици. Проектот „Творилница“ е мултидисциплинарен проект кој има за цел кај учениците учесници да ги развие нивните таленти и вештини под менторство на професионалци од повеќе области и е организиран во повеќе работилници, според интересот на учениците. Со сите клубови раководат докажани професионалци од дадените области, со цел да им овозможат на децата и нивните наставници/воспитувачи-ментори да се стекнат со дополнителни знаења и вештини во правец на креативен развој и создавање на сопствени автентични уметнички проекти, како краен продукт.