КНИЖЕВНА СРЕДБА

На ден 21.12 2023 год. во Книжарница-Кафе ЗБОР се одржа книжевна средба на учениците од ОУД ,,Лазар Лазаревски" Велес и својот воспитувач Василка Ѓурчиновски со експертите за убавиот пишан збор-авторите Десанка Николова и Емилија Златкова Анастасова. 
Учениците уживаа во стиховите од збирките на поетесата Десанка Николова: ,,Македонствување" и  „Бесконечно: Анатомија на страста“, збирки во кои се проткаени стихови исполнети со многу емоции, искрени чувства, парче душа и голема љубов.
Писателката Емилија Златкова Анастасова пред учениците прочита дел од своето воодушевувачко дело ,,Новогодишна ноќ", една моќна приказна која те тера да ја сватиш вистинската смисла на “Семејството” и неговата вредност. И да сватиш колку еден родител е спремен да се жртвува себеси за да ги спаси своите сакани, односно своето семејство.
 
Учениците со воодушевување ги следеа и слушаа овие две авторки, кои низ своите дела им ги покажаа животните вредности и им испратија моќни животни пораки.
 
 

Галерија