Актуелно

Проект „ Уредување на дворна површина“

Денес 17.04.2024 година, во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање, директорот на ОУД„Лазар Лазаревски“Велес Марјанчо Јорданов, потпиша договор за доделување на средства за финансирање на проектот „Уредување на дворна површина“, доделени врз основа на Конкурсот за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2024 година, распишан од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.