ГРУПА УЧЕНИЦИ ОД ОУД „ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“ ВЕЛЕС - ГОСТИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА КНИГАТА „КРУГ ПОЛУ КРУГ“ ОД ИГОР КРАЈЧЕВ!

На ден 11.02.2015 година(среда), последователно на низата активности во рамки на манифестацијата “Велес-град на културата 2015”, со почеток во 18 часот во Ликовниот салон, се одржа промоција на поетската книга “КРУГ ПОЛУ КРУГ” од велешкиот автор Игор Крајчев, која е наградена со специјална награда „Караманов 2014“.
Осврт на стиховите, како и нивна стручна анализа дадоа универзитетскиот професор д-р Венко Андоновски и ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски “од Битола проф. д-р Златко Жоглев, како промотори на делото.
ЧЕСТИТКИ ЗА НАСЛЕДНИКОТ НА РАЦИН, Igor Krajchev !

Галерија