Ученици од ОУД ,„Лазар Лазаревски“ Велес го посетија Ликовниот салон

На ден 17.02.2015 година (вторник) во склоп на активностите на манифестацијата „ВЕЛЕС-ГРАД НА КУЛТУРАТА 2015”, со почеток во 19:00 часот во Ликовниот салон, беше отворена Изложбата на дела создадени на 21-та Интернационална ликовна колонија ,,Кичево“ 2014. По тој повод група ученици од ОУД ,„Лазар Лазаревски“ Велес го посетија Ликовниот салон и имаа можност да ги разгледаат и да уживаат во изложените уметнички дела .