ОУД „Лазар лзаревски“-дел од пригодната свеченост по повод патрониот празник на локалната библиотека„Гоце Делчев“!

Денес, 05.05.2015 година (вторник) во салата „Бели Мугри“ со почеток во 19 часот, се одржа пригодна свеченост по повод патрониот празник на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, на која присуствуваа и учениците од ОУД„Лазар Лазаревски“ Велес. На свеченоста свое обраќање имаше директорот на библиотеката г-дин Игор Крајчев и Претседателот на Советот на Општина Велес г-дин Александар Колев, а свои настапи имаа и поетите од клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ како и членовите на балетското студио „Анабела“. На свеченоста нашиот ученички дом се здоби со благодарница за континуирана поддршка и соработка со Локалната библиотека „Гоце Делчев“.