БЛАГОДАРНИЦА НА ОУД„ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“

На сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес на ден 04.07.2015 година беше затворен 12-от Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2015“. На петдневниот фестивал, во организација на Општина Велес под покровителство на Министерството за култура, а во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата-2015“ настапија илјада фолклористи од кои 11 странски ансамбли и културно уметнички друштва.
По успешното завршување на фестивалот, Општина Велес и Организациониот одбор на ИФФ доделија благодарница на ОУД„Лазар Лазаревски“ Велес за поддршка на XII-ти Интернационален фолклорен фестивал „Велес“-2015. Честитки!