ТВОРИЛНИЦА 2023
На ден 31.05.2023 година, учениците од ОУД„Лазар Лазаревски“Велес под менторство на воспитувач м-р Василка Ѓурчиновски заедно со учениците од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“Велес под менторство на проф. Магдалена Сарагинова ги презентираа своите завршни активности од проектот „Творилница 2023“. На завршниот настан присуствуваа раководителот на проектот г-ѓа Илијана Атанасова, ментор на проектот г-ѓа Ксенија Маказлиева Трајчева и координаторот на проектот г-ѓа Билјана Лазареска, кои со воодушевување ги проследија сите активности на нашите ученици. Проектот „Творилница“ е мултидисциплинарен проект кој има за цел кај учениците учесници да ги развие нивните таленти и вештини под менторство на професионалци од повеќе области и е организиран во повеќе работилници, според интересот на учениците. Со сите клубови раководат докажани професионалци од дадените области, со цел да им овозможат на децата и нивните наставници/воспитувачи-ментори да се стекнат со дополнителни знаења и вештини во правец на креативен развој и создавање на сопствени автентични уметнички проекти, како краен продукт.
На ден 17.02.2015 година (вторник) во склоп на активностите на манифестацијата „ВЕЛЕС-ГРАД НА КУЛТУРАТА 2015”, со почеток во 19:00 часот во Ликовниот салон, беше отворена Изложбата на дела создадени на 21-та Интернационална ликовна колонија ,,Кичево“ 2014.
Нашата ученичка Стефани Мечева ја освои првата награда на литературниот конкурс, распишан од ООУ„Рајко Жинзифов“, по повод Денот на училиштето, на тема: „Желбата и љубовта-крилја за големи дела“.
На ден 11.02.2015 година(среда), последователно на низата активности во рамки на манифестацијата “Велес-град на културата 2015”, со почеток во 18 часот во Ликовниот салон, се одржа промоција на поетската книга “КРУГ ПОЛУ КРУГ” од велешкиот автор Игор Крајчев, која е наградена со специјална награда „Караманов 2014“.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.